Фабрика за сточна храна

Фабрика за сточна храна Овчеполка

Нашата приказна започнува во Овчеполието каде сончевата светлина и плодната почва ни создаваат идеални услови за производство на квалитетна сточна храна . Почнувајки од грижливо селектирани житарици комбинирани со највисоки стандарди (HACCP) за производство ја правиме најквалитетната сточна храна. Фабриката за сточна храна Овчеполка е единствената фабрика за сточна храна во Македонија со сопствена лабораторија за испитување на квалитетот на храната. Располага со бетобнски и челични силоси и работи во полн капацитет со преку 21 000 000 килограми сточна храна. Фабриката Овчеполка врши складирање на суровини, производство и продажба на концентрат и пелетирана храна соодветна на видот и категорија на добиток. Овчеполка доо е генерален застапник за Vilfos Denmark во Македонија.