Кланица

Кланица Агриа

Кланицата Агриа е објект технички изграден и уреден согласно со законските прописи за објекти за колење на ситен добиток во населба Бабуна во близина на Велес. Лоцирана помеѓу реките Вардар и Бабуна, нашата кланица работи по HACCP систем од SGS Group Швајцарија. Нашата месна индустрија е во постојан подем и бележи огромен напредок. Кланицата работи со капацитет од 4.500.000 килограми свежо месо на годишно ниво. Вработените во оваа групација, се повеќе се усовршуваат во технологијата и економиката на производството, преработката и прометот со свежо месо и преработки од месо.


Во тек е изградба на нов погон за конфекционирање на свежо домашно свинско месо по највисоки Европски стандарди. Кланицата Агриа врши услужно колење на ситен добиток.