Свињарска фарма с. Таринци

Свињарска фарма Таринци

Во Март 2014 година, Агриа се збогати со уште една свињарска фарма во с.Таринци. За разлика од фармата во с.Чичево, свињарската фарма во с.Таринци служи исклучиво за одгледување на прасиња за тов. Фармата располага со годишен капацитет од 30.000 товеници и се очекува да работи со полн капацитет за 3 години. Фармата работи со современа опрема и технологуја по највисоки светски стандарди со запазување на животната средина.