Свињарска фарма с. Чичево

Свињарска фарма Чичево

Во најеколошкиот дел во Р.Македонија, с.Чичево на 150 000 метри квадратни се простира свињарската фарма Агриа со годишен капацитет од 35 000 товеници и 1500 мајки со данска генетика (Dan Bred International). Избраниот технолошки процес овозможува затворен систем на современо фармерско одгледување по највисоки стандарди. Објектот има имплементирано GPP, GAP и ISO 9001:2000 стандарди и поседува интегрирана еколошка А дозвола.